fbpx
ВестиТоп вести

Проектот за заштита на балканскиот рис дава резултати

Пред 15 години започна реализацијата на проектот за заштита на балканскито рис. За десет години на територијата на НП „Маврово“ и пошироко во Мавровскиот регион има зголемена бројка на оваа животно.

Балканскиот рис, кој е македонски национален симбол, се наоѓа на територијата на Националниот парк „Маврово“. Поради тоа што тој последните декади беше во фаза на истребување беа преземени активности за негов опстанок. Пред 15 години започна реализацијата на проектот за негова заштита и веќе има позитивни ефекти, вели Диме Меловски од Македонското еколошко друштво, раководител на проектот за закрепнување на балканскиот рис.

„Започнавме со анкетирање на локалното население, ловци и сточари, а потоа и со пософистицирани методи како што се фото замки и радиотелеметри и обележување на рисот. Потоа продолживме со следење и со овој методи фактички успеавме да видиме колкава е бројката. За десет години утврдивме дека на територијата на НП „Маврово“ и пошироко во Мавровскиот регион има зголемена бројка на оваа животно. Оваа значи дека проектот има ефекти“, вели Меловски.

Според Меловски, активностите предвидени со проектот за закрепнување на балканскиот рис е мошне скап и него го финансираа фондација „Мала“ од Швајцарија. Тој вели дека овој значаен проект дава позитивни резултати.

Целиот текст може да го прочитате ТУКА.

извор:Слободнаевропа.мк

Слични написи

Back to top button
Close