Последните години борбата на нашите херои – земјоделците кои тешко врзуваат крај со крај е отежната со климатските промени и екстремните временски услови кои се движат од суши до поплави. За да може земјоделецот да се справи со сето ова, а истовремено и да произведе успешно, потребно е да влијае на квалитетот на самата почва. Третирањето на почвата еднаш на 5 години со подобрувачот на почва Тераграмин ќе овозможи да се врати дел од загубените физички својства на истата, ќе се снабди со воздух, топлина и вода и ќе може да дава живот и во наредните години.
Новата Година за сите нас носи нова надеж за поголем напредок, за земјоделецот надеж за подобро земјоделско производство и подобар пласман за истото. Ние и оваа година ќе бидеме постојано на терен помеѓу земјоделците и ќе ја започнеме на нивите на Стумичани каде што расадот произведен со Тераграмин ќе се пресадува, а потоа веднаш ќе им се придружиме на тутунарите од Прилепско-битолскиот крај, Радовишко, Велешко, Струмичко и заедно со нив ќе правиме расад за тутун исто така со Тераграмин. Сакаме годината да ја почнеме успешно и сите тие да создадат пракса за примена на производот и да ја сфатат потребата од добрата подготовка на леите се со цел за добивање квалитетен расад.
Искуствата од минатата година ни покажуваат дека земјоделците сакаат практично да се запознаат со производот и лично да го применат за да ги видат неговите позитивни ефекти. Поради ова организиравме кампања во која ќе бидат вклучен стотици земјоделци од различни краеви и со посета на терен и присуство на стручни лица агрономи од наша страна ќе работиме на запознавање на земјоделците со производот.
Земјоделците знаат да бидат многу благодарни, доколку знаете на вистински начин да им ја доближите суштината на Вашиот производ и тие знаат како да Ви вратат. Самите Ви ги кажуваат многу добро сите работи кои ги забележале и како производот битно влијае на подобрувањето на почвените услови, а дека тоа понатаму се рефлектира на крајниот производ.
Во оваа прилика особено сакаме да ги истакнеме нашите херои од 2019 година и да им се заблагодариме, затоа што ни ја разубавеа годината кој што измина. Бекир од с. Бучим и Наце од с. Дамјан – производители на тутун, кои успешно го применија производот Тераграмин при садење тутун и сега задоволно зборуваат за ефектите од неговата примена, Иван (Ване) од Богданци, сопственик на земјоделската аптека Флора ИК Комерц, кој самостојно продаде најмногу Тераграмин од 50 земјоделски аптеки во државата. Наш херој е и земјоделецот Пецо Божиновски од с. Ивањевци поради неизмерната добра волја и ентузијазам, желба да се шири идејата за примена на Тераграмин и огромната поддршка од негова страна при нашите теренски посети. Годината брзо ни помина, исполнета со многу работа, средби со земјоделци од сите краишта на државата, но останаа спомените и мотивацијата оваа година да бидеме подобри од лани. “На Вашата почва ѝ треба Тераграмин” е новиот слоган за 2020 година, со кој сакаме да ја поттикнеме свесноста на земјоделците за потребата од третирање на почвата со цел постигнување подобри резултати. Еден дел од нив веќе ни се придружија. Во 2020 година придружете ни се и Вие! И за почеток ајде најпрво заедно да правиме расад!!!