Кои услови и критериуми треба да се запазат за добивање на финансиска поддршка за Мерката 115?
Сите заинтересирани земјоделки кои сакаат да искористат средства од Програмата за Финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 за Мерката 115 – Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство треба да обрнат внимание на критериумите и условите за аплицирање. Еве колку бодови може да се добијат и кои документи се потребни за да се аплицира.
Според упатството избор на корисници се врши со проверка на исполнување на условите за користење на средства за инвестиции предвидени со мерката 115. Барателите кои ги исполниле условите за стекнување со право на користење на финансиска поддршка се рангираат со бодување согласно критериумите во упатсвото. За да биде прифатливо барањето, барателот треба да добие најмалку 50 бода. Еве колку бода може да се добијат.
1 Барателот да е регистриран со земјоделство како примарна дејност и е носител на земјоделско стопанство пред влегување во сила на овој правилник- 25
Барателот да е регистриран со земјоделство како примарна дејност и е носител на земјоделско стопанство по влегување во сила на овој правилник -15
2 Барателот да е регистриран како индивидуален земјоделец согласно Законот за вршење на земјоделска дејност -25
Барателот да е регистриран како индивидуален земјоделец согласно Законот за пензиското и инвалидското осигурување -25
Барателот да има остварен годишен нето приход од вршење на земјоделска дејност до износот на годишниот нето износ на минимална плата за претходна година -5
Барателот да има остварен годишен нето приход од вршење на земјоделска дејност до износот на годишниот износ на минимална основица за пресметка и плаќање на придонеси од социјалното осигурување -5
3 Барателот да е евидентиран во Единствениот регистар на земјоделски стопанства како физичко лице со примарна земјоделска дејност -20
4 Барателот да покаже сопствено учество во инвестицијата -5
5 Барателот да е член на здружение или земјоделска задруга или на локална акциона група- 5 6 Барателот да е помлад од 40 години -5
7 Активностите од деловниот план да се одвиваат во подрачја со ограничени можности -5
8 Барателот да е самохран родител -10
Потребни документи кои барателот треба да ги обезбеди:
1 Барање за финансиска поддршка генерирано преку системот за електронско поднесување на барање на e-baranie.ipardpa.gov.mk за мерка 115
(барањето треба да се испечати и да биде своерачно потпишано од страна на поднесувачот на барањето) 115
2 Понуди/профактури со детална техничка спецификација за производите за кои се бара финансиска поддршка (оригинал со потпис и печат) (Понудите од странство треба да бидат преведени на Македонски јазик заверени од овластен судски преведувач) 115
3 Деловен план – изготвен согласно Упатсвото за изготвување на деловен план 115
4 Решение за упис во Единствениот регистар на земјоделски стопанства 115
5 Годишна даночна пријава (УЈП) 115
6 Потврда од Министерство за труд и социјална политика за социјален статус – самохран родител 115
7 Потврда од Фондот за инвалидско и пензиско осигурување за лица регистрирани како индивидуален земјоделец согласно Законот за пензиското и инвалидското осигурување
Прифатливи трошоци за Мерка 115 од Програмата за рурален развој
Согласно Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година и
Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој со Мерката 115 се прифаќаат следните трошоци:
Набавка на опрема за пост бербени активности, преработки на фарма и директен
маркетинг на фарма:
– Овошје и зеленчук вклучувајќи и компири, печурки и мешункасти растенија;
– Житарици, мелнички производи и производи од скроб;
– Растителни и животински масла и масти;
– Шира од грозје, сок од грозје, вино и оцет, маџун и др;
– Месо и месни производи;
– Млеко и млечни производи; (вклучувајќи јајца и живина)
- Опрема за прием, собирање и чување.
- Опрема за подготовка за сортирање, чистење, миење, сушење,
дезинфекција, обложување со восок, сортирање, калибрирање, отстранување
на оштетени плодови, детектирање на метал и стакло или други цврсти
материјали.
- Опрема за пред-ладење, ладење и замрзнување. Опрема за сечење,
мелење и останата опрема за подготовка пред преработка.
- Опрема за филтрација, де-аерација, ферментација, стабилизација,
сепарација, хомогенизација, пастеризација и стерилизација.
- Резервоари, танкови.
- Опрема за конзервирање, сушење, десикација, замрзнување.
- Опрема за полнење, флаширање, пакување и означување/етикетирање.
- Зашеметување, искрварување, опрема за горење и опрема за
отстранување на внатрешни органи.
- Опрема за сечење и откостување.
- Лабораториска опрема и апарати за анализа на производот.
- Опрема за манипулација, утовар и истовар, виљушкари, транспорт-
приколки, ладилници, палети, приклучни возила за ладење, подвижни ленти,
опрема за мерење и квалитет.
- Опрема за следење на квалитетот, контрола системи со следливост на
прием на производ, складирање и дистрибуција.
- Третман на отпад, валоризација, опрема за ракување и складирање.
- CIP опрема (“clean in place”).
- Опрема за подобрување на стандардите за благосостојба на животните,
како што се обезбедување на редовен пристап до свежа вода, храна,
сместување на животните пред колење
Оперативни трошоци за маркетинг на преработки од примарни земјоделски производи.
П.Ј.