fbpx
ВестиТоп вести

Асоцијацијата за посебни текови на отпад бара од надлежните органи да не даваат дозвола за колективни постапувачи на компании кои не ги исполнуваат законските обврски

 

По повод апликација за дозвола за колективен постапувач од Еко пакување Доо Струмица, Асоцијацијата за посебни текови на отпад денес испрати допис до Министерство за животна средина и просторно планирање на Р. Северна Македонија со молба да не и се даде дозвола, доколку не се почитуваат законските обврски. Истакнувајќи ја потребата од создавање на еднакви услови за работа на сите учесници во процесот на управување со посебни текови на отпад.

Од асоцијацијата информираа дека се уште е присутна појавата на компании кои доставуваат или веќе имаат доставено барање за дозвола за колективни постапувачи за управување со пакување и отпад од пакување и покрај тоа што не ги исполнуваат законските обврски. Законските решенија во оваа насока се јасни и недвосмислени, односно забрануваат правни субјекти кои поседуваат дозволи за транспорт или за складирање и третман на отпад, да бидат основачи на колективни постапувачи.

Основачи можат да бидат правни субјекти кои генерираат отпад од пакување, производители и увозници-трговски правни субјекти. Освен наведеното, основачите на колективните постапувачи треба да бидат општествено одговорни фирми кои во целост треба да ги имаат подмирено даночните обврски кон Управата за Јавни Приходи и да не бидат блокирани или фигурираат на листата на УЈП како должници.

Од асоцијацијата ова го укажуваат од причина што нивните основачи и поголем дел од правните субјекти кои се членки на нивните системи, укажуваат дека е доставено барање за регистрирање на правен субјект-колективен постапувач до ресорниот орган од страна на правниот субјект Еко пакување Доо од Струмица, чиј основач е должник на УЈП и е на црвена листа, а другиот основач има дозвола за собирање и транспорт на отпад.

Од асоцијацијата замолуваат  наведеното барањето за издавање дозвола за колективен постапувач да не биде прифатено, со оглед дека е во целост надвор од законските прописи. Тие инсистираат да не се издаваат дозволи за колективни постапувачи се до носењето на новиот Закон за Проширена Одговорност на Производителот.

Во нашата земја треба да постои интегриран и одржлив систем за управување со пакување и отпад од пакување кој ќе биде во функција на целото општество. Да постојат законски решенија кои коресподираат со директивите на Европската унија, кои се добри и одат во насока на остварување на заедничките определби во интерес на целата заедница.

Извор:Денар

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close