За време на Божикните празници времето ќе биде студено, но без врнежи. На Бадник ќе дува засилен северен ветер.
Утринските температури ќе бидат многу ниски и ќе се симнат до -10 степени, а дневните ќе се искачат максимум до шестиот степен.
Повремени врнежи од снег се очекуваат во недела кога ќе дува исто така засилен северен ветер.