В петок инфо денови за користење податоци од агрометеоролошки станици
Во организација на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион продолжуваат информативните денови за користење на податоците од поставените агрометеоролошки станици во овој регион. Досега се одржаа информативни денови во Богданци, Гевгелија, Радовиш и Конче, а во петок ќе се одржат во Ново Село и Босилово, каде се поставени по две агрометеорошки станици од вкупно 23 во Југоистокот.
– Ги повикуваме сите земјоделски производители и заинтересирани да учествуваат на информативните денови и да се информираат за начинот на добивање на бесплатни временски информации, како што се влажност и температура на воздух, правец и брзина на ветер, сончева радијација, влажност и температура на почва, влажност на лист и прогноза на болести, информираат од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.