fbpx
ВестиТоп вести

Цените на храната во Македонија годинава ќе растат

Цените на храната во светот во 2020 година ќе растат, а Македонија нема да биде исклучок од овој светските тренд. Болестите на животните, намалувањето на бројот на животни придонесе за зголемување на цените на месо и млечни производи. Од Агенцијата за храна и ветеринарство ги потврдуваат прогнозите на ФАО и на ЕУ и велат дека и во Македонија цените на храна ќе растат

Цените на храната во Македонија во 2020 година ќе растат. Овој тренд на пораст на храната во светот е присутен во последниве неколку години, а според прогнозите на Организацијата на храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО) и Европската Унија, тој ќе продолжи и во 2020 година.

Причина за порастот на цените на храната, според директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, е болестите кај животните кој придонесоа за зголемување на цените на свинското и говедското месо, а тоа пак на другите производи.

-И ФАО и ЕУ излегоа со прогнози за раст на цените на храната. Кај месото беше нагласено дека ќе има пад на консумацијата во просек за еден килограм, а цените ќе пораснат. Кај свинското месо поради присуството на  болеста африканска свинска чума, која од Истокот се прошири и во Европа, истакна Атанасов.

Поради тоа иако консумацијата на свинско месо ќе се намали, неговата цена ќе расте, а слична е состојбата со другите видови месо. Освен месото тој вели дека ќе има зголемување и на млекото и млечните производи.

-Во светски рами се предвидува пораст на производството на пилешко месо, а исто така и раст на цените на овој вид на месо. Кај млекото и млечните производи исто така се предвидува дека ќе има зголемување иако генерално гледано и во ЕУ се соочуваат со падот на бројот на животни, на говеда и на свињи, а сето тоа доведува до раст на цените на храната на светските берзи, додава Атанасов.

Инаку светските цени на храната во декември 2019 година пораснаа трет месец по ред поради поскапувањето на цените на билните масла, чии цени пак се зголемија за 9,4 отсто во однос на ноември.

Според ФАО цените на храната во декември минатата година биле на највисоко ниво во последните пет години. Оттаму велат дека цените на храната во последниот месец од минатата година пораснале за 2,5 отсто во однос на ноември и се на  највисокото ниво од декември 2014 година.


 

vecer.press

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close