Црешите се лек!
Црешите се вистински дар од природата, не само поради прекрасниот вкус, туку и поради лековитата моќ која е собрана во овие мали плодови.
Содржат витамин Ц, калциум, железо и фолна киселина. Благодарение на овие состојки, го штитат срцето и крвните садови, го јакнат имунитетот, крвта и коските.
Малите црвени плодови помагаат при реума, бубрежни болести и воспаленија на мочните канали (се подготвува чај од дршките на црешите).
Црешите ја стимулираат работата на цревата, со што го поттикнуваат варењето на храната (но никако не јадете цреши пред ручек, бидејќи ефектот ќе биде спротивен и храната бавно ќе се вари).
Ги стимулираат и џигерот и бубрезите, а се покажале и како одлични борци против кариес и проблеми со непцата.
Кога убавината е во прашање, црешите го забавуваат процесот на стареење, ги намалуваат брчките, а помагаат и за намалување на целулитот.
Црешите се лек, но и убавина, затоа, задолжително ставете ги на вашата летна трпеза.