Внатрешно уредување на објект за чување на кози или овци
Внатрешното уредување на објектот за одгледување на кози или овци
пред се зависи од правецот на производство, истовремено и од расата која
се одгледува.
Во повеќето важни фактори спаѓаат:
-големината на боксовите,
-групите,
-хранидбениот простор,
-јаслите,
-систем на вентилација,
-прозори,
-таваница,
-вештачко осветлување,
-вештачка вентилација,
-изѓубрување,
-чистење на шталата и др.
Пред да се отпочне со градба на објект треба да се разгледаат неколку
законски прописи и правилници кои ја регулираат оваа област:
-Закон за Сточарство,
-Закон за Води,
-Закон за благосостојба на животните,
-Листа на посебни минимални услови за Добра Земјоделска и
Хигиенска Пракса (ДЗХП)
-Регулатива за Легализација на објекти за помошна намена во
земјоделството,
-Акт за градба, Градежна дозвола и др.
-Регулатива за Легализација т.е Регистрација на земјоделска
механизација.
Најдобро е доколку лицата кои имаат намера или желба за отпочнување,
адаптација или доградба на објекти за одгледување на добиток да се
обратат до вработените во Подрачните канцеларии на Агенцијата за поттик
и развој на земјоделството од каде ќе добијат точни и навремени
информации за нивните потреби.
Јовче Грозданоски
АПРЗ Кичево