fbpx
ВестиЕкологијаТоп вести

Битола ќе добие уште една мерна станица

Заменик министерот за животна средина Јани Макрадули денеска најави дека дополнително уште  една мерна станица ќе биде поставена во Битола, а другата во Гевгелија, во рамките на Интерект проектот што е со Република Грција.

Тој информираше дека во собраниска процедура е и Законот за амбиентален воздух, односно дека  она што досега беше како препорака, сега ќе биде обврска на сите општини и тие ќе мора да усвојуваат годишни планови, нешто што Битола го прави со планот и стратегијата со претходен проект на Министерството за животна средина, но сега со овој Интерект проект ќе се направи и за следниот период.

Тој беше прашан околу оние мерни станици кои се поставуваат низ градот, а кои не се дел од програмата на ресорното министерство. Вели дека тоа се индикативни, за да можат граѓаните ако оценат дека е загадено да не го пуштаат своето дете на пример да игра надвор.

Макрадули вели дека не постои држава членка на Европската унија која што ја гради политиката на индикативните принципи, туку на оние скапи станици кои постојата, а внатре имаат по седум сензори.

извор: Тера.мк

Слични написи

Back to top button
Close