Нивото на вода во преспанското езеро драстично е опаднато заради сушата. Досега од второто по големина езеро во Македонија изгубено е вода колку две Дојрански езера. На места водата е повлечена и до 100 метри.
-Последните официјални податоци кои ги добив покажуваат дека за 18 месеци новото на водата е намалено за 1метро и 84 сантиметри. Но она што не плаши уште повеќе е тоа што околните планини Баба, Галичица и Пелистер кои во овој период од годината имале и по 3 до 4 метра снег сега се без снег. Одливот природен езерото си го имало и ќе си го има но приливот на вода од снеговите по планините ако го нема што ќе се случи со езерото во август. Мораме сите да бараме и да преземаме мерки за да се спречи голема еколошка катастрофа на преспанското езеро, рече Наумче Ставрески концесионер на рибниот фонд на преспанското езеро.
Климатските промени последниве години придонеле и за зголемување на температурата на површината на водата но ова што сега се случува со губењето на водата е навистина сериозна закана за целиот биодиверзитет во езерото. Преспанско преку подземни канали се одлива во Охридското езеро а главниот извор на вода се снеговите на околните планини, Баба, Галичица и Пелистер.
-Ако се пресмета намалувањето на водостојот за два метри во количество на вода произлегува дека од Преспанско досега е изгубено вода колку две Дојрански езера. Во езерото заради вештачките ѓубрива кои преку подземните води завршуваат во водите на преспанско драстично е зголемена појавата на лаги и растителна флора што го прави езерото проблематично за рибниот свет како и за риболовците кои им се плеткаат мрежите во алгите а сега уште поголем проблем е губењето на водата. Ова езеро нема како да се затвори некој одлив па да се регулира нивото. Тука одливите се преку најниските точки од езерото и ако не најдеме начин ќе го гледаме како ни се губи езерото пред очи, додаде Ставрески
Но не само закана за рибниот фонд во езерото ваквите климатски промени и повлекувањето на преспанското езеро полека ги пресучуваат и бунарите што ќе биде голем проблем и за јаболко производителите од овој регион кој неколку години по ред имаа проблеми со мразеви и намален род а сега ќе треба да ја бијат битката и со недостиг на вода за наводнување. Покрај Преспанското Езеро засега големи проблеми со недостиг од вода имаат и вештачките акумулации кој може сериозно да се одрази врз земјоделството.
З.Б.