Покрај значително зголемениот принос на тутунот при третирање со ОргаНИКА Био (од 300кг од декар во 2018 до 500кг од декар во 2019, со само 3 третирања) според анализите на Научниот Институт во Прилеп “Св. Климент Охридски” за тутун П 66-9/7 е констатирано дека истиот е во границите кои се групираат во групата на високо квалитетен тутун. Добиените резултати покажуваат дека применетата количина органско ѓубривo има позитивно влијание врз хармоничноста на хемискиот состав на тутунската суровина и тоа:
- Значитетлно го зголемува никотинот во тутунот (просек 1%, третирано 1,7%)
- Го намалува присуството на Азот што се смета за негативен показател на квалитетот на тутунската суровина. (просек 2,14%, третирано 2,01%)
- Ги намалува белковините, чија поголема содржина има негативно влијание врз пушачките својства на тутунот и даваат непријатен мирис и горчлив вкус при пушењето. (просек 6,58%, третирано 5,76%)
- Ги зголемува рстворливите шеќери кои имаат посебно значење како за формирање на приносот, така и заквалитетот на тутунот. Поголемата содржина на растворливите шеќери е показател за подобар квалитет. (просек 17.99%, третирано 21.78%)
- Ги намалува минералните материи материи кои играат важна улога во брзината на согорување на тутунот во процесот на тлеење. Поголемото количество се смета за негативна појава која влијае врз квалитетот на тутунскатa суровина при пушењето и врз согорувањето.(просек 14,29%, третирано 12.33%)
“ОргаНИKA Био” е добиен со методот на хидродинамично молекуларно ситнење на арско ѓубриво и природна минерална суровина Зеолит. Миксот од двете суровини содржи широк спектар на природни и еколошки безбедни, хранливи биогени елементи и соединенија, како и ефективни соеви на микроорганизми, се со цел производство на високо приносни и квалитетни органски производи. Може да се употреби при третман на семиња и како средство за исхранана растенијата во вегетативниот период.