Целиот тутун ќе се откупи уверува министерот за земјоделство а тутунарите да не потпаѓаат под политички влијанија
Целиот тутун ќе се откупи уверува министерот за земјоделство а тутунарите да не потпаѓаат под политички влијанија
Целокупното количество на тутун ќе се откупи до крајот на месец февруари до кога е и законскиот рок до кога трае откупот. За откуп остануваат уште седум проценти од произведените количества а сите монополи дале цврсти гаранции дека целиот тутун годинава ќе биде откупен.
-Упатувам порака и уверување до тутунот – производителите дека секој килограм произведен тутун од реколтата 2019 ќе биде откупен. Државниот инспекторат за земјоделство има засилени контроли на терен и нема простор за паника. Досега 93,4% од произведениот тутун е откупен. До крајот на месецот остануваат уште помалку од 7% кој што во целост ќе бидат откупени. Тутунарите нема да бидат оставени на цедило. Ако се утврдат неправилности при откупот ќе следат казни за тутунските компании за да нема застој во откупот на тутунот. Ги повикувам тутунарите да не потпаѓаат под манипулации затоа што откупот трае законски до 29 февруари и дотогаш с ќе биде откупено, рече Трајан Димковски министер за земјоделство
Просечната откупна цена во моментов е 220, 8 денари за килограм што според Димковски е највисока просечна откупна цена досега. Лани беше 214 денари а во 2017 беше 217,5 ден. Од 2017 година па наваму во изминатите три реколти над 30% од тутунот бил проценет во прва класа. Вредноста на откупениот тутун во моментов е над 5,4 милјарди денари што речиси двојно повеќе од 2014 година кога вредноста на откупениот тутунот бил 2, 9 милијарди денари. Според министерот во период 2015 и 2017 при откупот тутун бил проценувана само од 12 до 16% во прва класа. Тој посочи дека засега нема жалби до второ степените комисии за нереални проценки и за спорни бали. Ако сметаат дека не им е реално проценет тутунот нека побараат второстепена проценка што воопшто нема да им штети на другите тутунари или да направи застој во откупот туку само ќе се види дали е реално проценети тутунот. Инспекторатот е интензивно на терен да го следи дали има нерегуларности при проценката. Очекувањата на министерот се дека според динамиката која ја доставиле откупните претпријатија дека за десетина дена целиот тутун ќе биде откупен.
З.Б.