fbpx
ВестиТоп вести

Површините под органско земјоделство во ЕУ се зголемиле за 34%, во споредба со 2012 година

 

Во 2018 година, Австрија имала 24,1% површина под органско производство, додека европскиот просек изнесувал 7,5%, објави Евростат.

Вкупната површина под органско производство во Европската унија во 2018 година изнесувала 13,4 милиони хектари, што одговара на 7,5% од вкупно искористената земјоделска површина. Тоа претставува раст од 34%, во периодот од 2012 до 2018 година, објави Евростат.

Помеѓу државите членки на ЕУ, земји со најголема површина под органско производство во 2018 година, биле Австрија (24,1% вкупно искористени земјоделски подрачја), Естонија (20,6%) и Шведска (20,3%), а потоа следуваат Италија (15,2%), Чешка (14,8%), Летонија (14,5%), Финска (13,1%) и Словенија (10,0%).

Според објавените податоци, европскиот просек изнесувал 7,5%.

 

Во останатите земји членки на ЕУ, органското производство било под 10%, а најмало влијание е забележано во Малта (0,4%), во Романија (2,4%), Бугарија, Ирска и Велика Британија (секоја со 2,6%).

Вкупната органска површина, претставува збир на „преоден период“ и „сертифицирани области“. Пред да може, некое подрачје да се завери како „органско“, мора да помине постапка на премин, што може да потрае 2-3 години, зависно од посевите, се наведува во соопштението.

Само две земји, во периодот од 2012 до 2018, забележале намалување на органските земјоделски површини, а тоа се Велика Британија, за нешто повеќе од петтина и Полска, за повеќе од четвртина.

Најголемите површини под органско производство се во Шпанија

Шпанија имала најголема вкупна површина под органско одгледување во 2018, вкупно 2,2 милиони хектари и удел во вкупната органска земјоделска површина во ЕУ од 16,7%. Ја следат Франција со два милиони хектари и учество од 15,1%. Третото место и припаѓа на Италија со 1,95 милиони хектари и учество во европската органска земјоделска површина од 14,6 %, покажува извештајот на Евростат.

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close