Растенија кои го чистат воздухот во канцеларија
дури 90% од нашето време го поминуваме во затворен простор, а слабиот квалитет на воздухот во него може да предизвика разни здравствени проблеми кои се движат од вртоглавица, главоболка па до замор до иритација на очите, носот и грлото.
Мебелот, тапацирот, градежните материјали и производите за чистење што се користат во канцелариите можат да испуштаат неколку загадувачи на воздухот, а воздухот во затворен простор исто така може да биде засегнат и од фактори на животната средина, како што се полен, бактерии или мувла. Покрај тоа, лошиот квалитет на воздухот во канцелариите може да биде последица на лошата вентилација, особено ако тие се во постара зграда.
Уште во 1989 година, НАСА објави извештај во кој се наведени растенија за во затворен простор кои делуваат како навлажнувачи и филтри за воздух. Тие помагаат во апсорпција на загадувачи како што се формалдехид, бензен и испарливи органски соединенија (VOC) и со тоа го подобруваат квалитетот на воздухот во затворен простор.
Одредени растенија го прочистуваат воздухот со апсорбирање на јаглерод диоксид и честички ослободувајќи кислород. Микробите на почвата во садот, исто така, имаат улога да ги уништат токсините во воздухот.
Сепак, сите растенија не го прават истото во ист интензитет и начин. Ова се 5 растенија кои може да го исчистат вашиот воздух во работниот простор.
Spatifilum
Ова е растение е со сјајни зелени лисја и бели цветови што не бара многу светлина, па е одличен избор за канцеларии во форма на кабина. Spatifilum го филтрира трихлоретилен, загадувач кој се поврзува со мастила за печатење, лакови и лепила.
Зелен лилјан
Ова растение се карактеризира со долги лисја кои можат да бидат зелени,во боја или зелени и бели и да паѓаат каскадно од саксијата. На него се создаваат гроздови од бели цвеќиња. Зелениот лилјан толерира простории со мала или средна светлина, а многу ефикасно го филтрира формалдехидот од воздухот. Ова е загадувач што се користи во производи од цедено дрво, како што се канцелариски мебел, подови на продавници или подни облоги.
Гербер
Герберот е по потекло од Јужна Африка. Дава шарени цветови од црвена, портокалова, розова и жолта боја. Бара многу сонце. Покрај тоа што ја разубавува канцеларијата, го филтрира бензенот што се наоѓа во бои и пластиката.
Златен лазач
Растението има широки разновидни зелени и жолти лисја. Изгледа како растение што виси. Добро напредува во делумна сенка и е многу лесно за одржување. Одлично го филтрира формалдехидот од воздухот.
Арека
Арека е тропско растение. Според истражувањето на НАСА се смета дека ова растение е најефективниот филтер за природен воздух.
Многу е важно да изберете растение што одговара на количеството природна светлина што ја има вашата канцеларија. Некои растенија бараат многу сончева светлина и затоа се погодни за канцеларии со прозорци свртени кон југ.
Од друга страна, растенијата што не толерираат директна сончева светлина може да добијат изгореници на лисјата ако се изложени на нив, така што тие повеќе им одговара на полу-засенчени области.
Исто така, важно е да се грижите за вашите растенија во канцеларијата. Обично кога ќе купите растение од расадник ќе добиете краток водич за нега со него, а што се однесува до растенијата што не бараат многу, оваа мала обврска исто така ќе биде релаксација за вас.
Една студија од НАСА открила дека едно растение е доволно на 10 метри. Студијата спроведена во 2011 година заклучи дека само шест растенија во еден простор можат значително да ја намалат концентрацијата на јаглерод диоксид и другите честички загадувачи на воздухот.
Покрај разубавување на просторот и чистиот воздух, растенијата може да влијаат и на подобрување на перформансите, да го намалат стресот и да ја зајакнат креативноста, да го намалат заморот и вознемиреноста.
Извор:Агромедиа
Подготви П.Ј.