fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Турција извезува 60 милиони рози пред Денот на вљубените

Турските производители на цвеќиња извезоа 60 милиони рози во 50 земји – меѓу кои се Холандија, Велика Британија, Германија и Украина – пред Денот на вљубените на 14 февруари.

Испораката на рози започна пред 20 дена, изјави за турската агенција „Анадолу“ Исмаил Јилмаз, претседател на Здружението на извозници на украсни анадолски растенија.

Минатата година производство на рози беше помало во споредба со тековната година заради студеното време, рече Јилмаз, додавајќи дека годинава земјата извезла 6 милиони рози повеќе отколку минатата година, јавува агенцијата „Анадолија“.

Истакнувајќи дека досегашниот извоз се зголемил за 6,5 милиони американски долари, тој рече дека новите нарачки ќе бидат доставени по воздушен пат до 14 февруари.

Тој рече дека Турција извезува и други цвеќиња, особено каранфили, кои сочинуваат скоро 90 проценти од вкупниот извоз на цвеќе од земјата.

извор: Макфакс

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close