fbpx
ВестиТоп вести

Лозарите бараат да ги знаат цените на откуп пред Свети Трифун

Македонското грозје е најевтино во регионот. Во пресрет на денот на лозарите Свети Трифун, производителите на грозје велат дека цените во земјава се многу пониски од земјите во регионот.

Најголема разлика во цената има кај најзастапените сорти, Смедеревка и Вранец.

Производителите од регионот уште сега знаат по кои цени ќе го продаваат грозјето. Еден малиган за нив чини еден денар.

Во земјава цените се формираат дури кога ќе почне откупот. Затоа лозарите бараат пред Свети Трифун кога почнува нивната работа за претстојната реколта веќе да имаат договори и да знаат по кои цени ќе се откупува родот.

Деновиве државата им исплати на лозарите за грозјето кое пред некоку години го предале во винариите, а не зеле пари.

За да не се случува и во иднина од државниот буџет да се плаќа, бараат фирмите кои до 14 февруари нема да склучат договори, да не можат да откупуваат грозје и да останат без лиценци за откуп.


 

sitel

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close