fbpx
ВестиВино

Коктел од бело вино и малини

Летото е совршено за најразлични коктели, измешани вкусови, шарени бои. Но, ако сте од оние кои си го сакаат она што им е добро познато или доколку сакате евтин, а понеобичен коктел, тогаш потребни ви се само неколку состојки.

koktel od belo vino i malini

 

Иако е лето некои тешко се одвојуваат од виното како омилен пијалак. Па, покрај веќе познатиот „бунар“ од бело вино, тоник и лимон, може да пробате малку да го обоите и да понудите егзотичен вино коктел со малини.

Потребно:

  • 1 kg малини
  • 400 g шеќер
  • 500 ml благо бело вино
  • Слатка павлака
  • Бисквити

Подготовка:

Малините измијте ги под слаб млаз вода, исцедете ги и посипете ги со шеќер, па полејте ги со белото вино и оставете ги добро да се изладат.

Додека се ладат малините, изматете ја слатката павлака и послужете ја со бисквитите како закуска.

Малините ќе пуштат од својот сок, кој измешан со шеќерот ќе му даде посебно егзотичен вкус на виното.

Послужете го процедено во стаклена чаша, но може да додадете и неколку цели малини за вистинско летно уживање.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close