Се основаше конвивиум Slow food -Прилеп
Се основаше конвивиум Slow food -Прилеп
СЛОУ ФУД-ПРИЛЕП е новиот конвивиум кој се придружи на големото семејство Слоу фуд. На Основачкото Собрание на Конвивиумот Тодорка Наумоска-Димески, дипломиран нутриционист од Прилеп е избрана на чело на оваа Слоу фуд група.
Со ова и Прилеп стана дел од светското движење во кое се вклучени 160 држави во светот со вкупно 100.00 членови. Станува збор за еко-гастрономско движење, започнато во 1986 година како протест против брзата храна. Во Slow food Прилеп веќе членуваат производители на храна од растително и животинско потекло, агрономи, нутриционисти, наставници, економисти, информатичари, научниции луѓе со различни професионални профили кои ќе придонесуваат во развојот и исполнувањето на мисијата на Slow food да се обезбеди добра, чиста и правична храна.
Slow food -Прилеп е член на Националната организација Slow food Македонија која е основана во 2018 година, наскоро се очекува основање на конвивиумите во Охрид и Преспа.
Целите на Slow food се да ги претстави пред купувачите малите производители, да воспостави контакт меѓу нив, на купувачите да им се овозможи да купуваат еколошки здрава и корисна храна, произведена врз основа на древните земјоделски знаења кои ја вклучуваат љубовта кон земјата и хуманиот однос кон растенијата и животната средина воопшто. Од друга страна со саемите и презентациите локалните производители добиваат можност за претставување на своите уникатни, автентични производи што се белег на локалната средина, информираат од Slow Food Прилеп.