fbpx
ВестиВино

Зошто треба да пиете вино?

Испивањето на чаша, или две вино секој ден, не само што носи многу забава туку е добро и за вашето здравје. Отворете чаша вино и уживајте.

zoshto treba da piete vino

 

Го намалува ризикот од срцеви болести

Во истражувањето кое траело 12 години, а учествувале 38.000 мажи со старост од 40 до 75 години, докажано е дека умерено количество вино, го намалува ризикот од болести на срцето, дури до 35 проценти.

Го намалува ризикот од мозочен удар

Друго долгорочно истражување спроведено со 85.000 учесници со возраст од 35 до 59 години, покажало дека консумирањето околу 18 мл вино, неколку пати неделно, може да го намали ризикот од мозочен удар дури за 70 проценти.

Го намалува ризикот од развивање дијабетес од типот два

Во истражувањето кое траело 10 години, а вклучило над 35.000 здрави возрасни личности, се покажало дека луѓето кои уживаат во умерена консумација на вино, една чаша за жени, а две чаши за мажи дневно, имаат 40 проценти намален ризик од развој на дијабетес тип 2, од оние кои се воздржуваат од пиење вино.

Ги одржува когнитивните способности

Универзитетот во Колумбија правеше истражување во 2006 година, кое покажа дека луѓето кои пиеле една до две чаши вино неделно успевале да ги одржат когнитивните способности на подолг период, отколку оние кои никогаш не консумирале вино. Од ова истражување може да се заклучи дека виното може да го намали ризикот од деменција и одумирањето на мозокот.

Го продолжува животот

Истражувањето спроведено во 2009 година покажало дека умереното консумирање вино е доста поврзано со намалениот ризик од смрт после срцев напад. Во просек луѓето кои редовно консумираат умерено количество вино живеат за пет години подолго од оние кои се воздржуваат од вино или пијат премногу.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close