fbpx
ВестиЕкологијаТоп вести

Експерти од Македонија, Грција и Албанија испитуваат зошто се намалува нивото на Преспанското Езеро

како причини за губитокот на водната површина колку две дојрански езера или повлекување на водата за 3 метри во висина и околу 200 метри во должина досега се наведуваше сушниот период и климатските промени негрижата и нерегулираното управување со водата надлежните велат дека конкретниот извор на проблемот институционално сеуште не  е утврден.

И додека Преспанското езеро секојдневно губи огромни количини вода се поударно е прашањето дали властите ќе успеат да изнајдат решение за спас од еколошка катастрофа? Од Министерството за животна средина велат дека состојбата континуирано се следи и најавуваат дека во понеделник ќе  одржат координативна средба на национално ниво со сите експертски страни на која ќе се разговара за досегашните активности и ќе се бараат можности за итно спроведување на суштинските мерки од Планот за управување со сливот на Преспанското Езеро.

Иако како причини за губитокот на водната површина колку две дојрански езера или повлекување на водата за 3 метри во висина и околу 200 метри во должина досега се наведуваше сушниот период и климатските промени негрижата и нерегулираното управување со водата надлежните велат дека конкретниот извор на проблемот институционално сеуште не  е утврден.

Во меѓувреме состојбата со Преспанското езеро е се поалармантна. После апокалиптичните слики кои ги пренесе нашата камера од крајбрежјето кај Претор, деновиве рибарите  алармираа и за намален водостој кај местото Казан или пресушување на една од подлабоките точки на езерото меѓу Стење и Коњско каде водата во должина и од брегот е повлечена за 180 до 200 метри.

Извор:24.мк

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close