ВестиМакедонијаТоп вести
На 10 март истекува рокот за поднесување апликации за млад земјоделец
Секој млад земјоделец од 18 до 40 години, којшто ќе ги исполни пропишаните критериуми во мерката, ќе добие неповратна финансиска поддршка до 20.000 евра.
На 10-март, завршува јавниот повик за мерката 113 „Поддршка за поттикнување на земјоделското производство“, наменета за младите земјоделци.
#МЗШВ ги повикува сите млади земјоделци, да го запазат рокот и да поднесат барања за неповратна финансиска поддршка.
Секој млад земјоделец од 18 до 40 години, којшто ќе ги исполни пропишаните критериуми во мерката, ќе добие неповратна финансиска поддршка до 20.000 евра.
Парите се наменети за млади, невработени лица кои сакаат да инвестираат во изградба, доградба и опремување на објекти за преработка од сите земјоделски гранки. Корисниците на оваа помош треба да бидат запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства.
П.Ј.