fbpx
Вести

Наскоро втора фаза од превентивната вакцинација против „јазлеста кожа“

Веќе трета недела активно се врши вакцинација против „јазлеста кожа“ во утврдените жаришта низ Македонија, а наскоро ќе почне и втората фаза на превентивно вакцинирање со која ќе бидат опфатени говедата на целата територија на државата, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

naskoro vtora faza od preventivnata vakcinacija protiv jazlesta kozha

 

Според АХВ, болеста го има зафатено речиси целиот источен регион. Потврдени се жаришта и заболени животни во општините Демир Капија, Штип, Василево, Радовиш, Босилово, Делчево, Виница, Пехчево, Берово, Ново Село, Струмица, Валандово, Дојран, Македонска Каменица, Гевгелија, Кратово, Кочани, Прилеп, Карбинци, Конче, Крива Паланка, Старо Нагоричане, Лозово, Неготино, Чешиново – Облешево, Пробиштип, Свети Николе и Чучер Сандево.

– Вакцинацијата се спроведува комплетно, на фармите од атарот на секое од заразените села во општините на регионот. Болните говеда веднаш се усмртуваат и нештетно се отстрануваат, а оние грла кои не покажуваат знаци на болеста, но биле во контакт со заболено животно, веднаш се вакцинираат во оваа фаза на итна вакцинација за брзо справување и спречување на болеста, информира АХВ.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close