fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Исплатени субвенциите за пчеларите

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 3.820 лица исплати 164.965,600,00 денари за фармерите кои одгледуваат и имаат презимени пчели.

Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски појаснува дека корисници на мерката Директни плаќања за регистрирано презимено пчелно семејство се земјоделски стопанства кои поседуваат минимум 35 регистрирани презимени пчелини семејства.
Висината на директните плаќања изнесува 600 денари по пчелно семејство односно 800 денари за оние земјоделски стопанства со пријавен број на пчелни семејства за финансиска поддршка од минимум 50 до максимум 100 пчелни семејства.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралнот развој, и во наредниот период ќе продолжи со редовната исплата на субвенциите за сите лица кои правно – законски се стекнале со право за користење на оваа финансиска поддршка.
Праксата за навремена и неселективна исплата на субвенциите продолжува. Парите за земјоделски субвенции се исплаќаат во период кога на земјоделците средствата им се најпотребни, односно, пред почеток на новата реколта. Оваа Влада, од почеток на мандат до денеска, исплати финансиска поддршка од околу 386 милиони евра за развој на агро – секторот, информираат од Агенцијата.

Слични написи

Back to top button
Close