Сем ван Акен од универзитетот Сиракуза успеал да израсне дрво кое раѓа дури 40 различни видови овошја. Во текот на летните месеци на ова дрво можат да се најдат многу видови сливи, кајсии, праски, вишни и бадеми.
Тој е наградуван уметник, кој открил дека експерименталната станица близу Њујорк е затворена, а дрвата во неа исечени. Со оглед на тоа дека израснал на голем земјоделски имот, тој решил да го купи овој имот и да помине време во проучување на својот изум.
Посакал да ги накалеми сите видови овошје на едно дрво, а по петгодишна макотрпна работа успеал во тоа. Создал дрво со 40 видови овошје.
Извор:Скопјеинфо