Вести
Јазлеста кожа го сотре добитокот во плачковските села
Болеста јазлеста кожа се шири низ карбинските села. За само три недели околу 400 говеда од Плачковичките села се заразиле од болеста. Сточарите бараат, надлежните да им помогнат со ширење на заразата.
Состојбата е алармантна. Од рано утринава со градежна механизација од општината, во близина на пет села се копаат јами за угинатите говеда.
Вакцинацијата на говедата со која треба да се спречи ширењето на болеста треба да стартува во текот на наредната недела, кога ќе заврши и набавката на 250.000 вакцини.