ВестиМакедонијаТоп вести
АФПЗРР го намалува бројот на директни средби со странки, комуникацијата со странките ќе се одвива по електронски пат
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија, донесе одлука да ги сведе директените контакти со странки на минимум се со цел превенција и елиминирање на можноста од ширење на КОВИД 19.
Сите што имаат потреба за информација може да се јават во Кол центарот на АФПЗРР, 023097450 секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот.
Апелираме до нашите соработници и корисници на услугите кои дава АФПЗРР, да ги почитуваат превентивните мерки кои ги донесе владата, да сториме се да го спречиме ширењето на вирусот КОВИД 19 во државата.