fbpx
ВестиСоветиТоп вести

Нега на новоподигнати лозја

За успешно прифаќање и развој на лозовите калеми во првата година, од пресудно значење е редовната примена на агротехничките мерки. Од работни активности кои се извршуваат во текот на вегетацијата во младото лозје се:

Пролетно – летно меѓуредово орање и рачна обработка вп редовите. Овие работни операции се извршуваат со цел, да се оддржи структурата, да се зачува влагата во почвата и да се уништат плевелите, бидејќи истите се големи конкуренти на младите растенија. Бројот на орања и рачни обработки изнесува минимум две, а во услови на заплевеност три и повеќе.

Со цел непречено пробивање на ластарите од калемите кои се покриени со хумка, задолжително се врши разбивање на покорицата од истата.

Во  текот на јуни – јули се извршува првото одгрнување на хумките и отстранување со оштар нож на површинските корени т.н.речени брандуси, кои се присутни во зоната на калеменото место и претставуваат конкуренти на корените кои се наоѓаат вдолж подлогата. По отстранување на брандусите калемите повторно се загрнуваат со правење на нова хумка.

Во месец август се врши трајно одгрнување на хумките со истовремено отстранување на новопотераните брандуси.

Во текот на вегетацијата по потреба се врши наводнување на младите лози.

Негата на младите пенушки се состои во превземање мерки за зелена резидба, врзување на ластарите и заштита на лисјето и ластарите која се извршува во периодот јуни – август, против пламеница, пепелница, ескориоза и разни штетници.

Од мерките за зелена резидба се применува лачење, односно отстранување на непотребните ластари. Во првата година. најчесто се оставаат и негуваат два ластари, а доколку избијат повеќе, истите се отстрануваат кога ќе имаат 20 – 30 см. Оставените ластари се приврзуваат за поставените колчиња.

Во есента после паѓање на лисјето, пред појавата на ниските температури се врши резидба на начин што на двата оставени ластари, се оставаат по две прави окца Исто така во есента после извршената резидба, се врши есенско орање на длабочина пд 20 см., кое се комбинира со загрнување на пењушките.

АПРЗ

Слични написи

Back to top button
Close