fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Ѓорѓи Петрушев:Преработувачката индустрија допрва треба да го најде својот пат кон извозот и конкурентноста

Преработувачката индустрија допрва треба да го најде својот пат кон извозот и конкурентноста. Мерките што се применуваат за поддршка и субвенционирање повеќе од 10 години имаа приоритетна цел да се обезбеди доволна количина на суровина како за извоз, така и за преработувачката индустрија. Но после цела една деценија, со исклучок на тутунската индустрија не сме дојдени ниту до доволни количини за преработувачката индустрија, уште помалку да зборуваме за квалитет и конкурентност. Затоа, уште денеска треба да се размислува за воведување на нови технологии и поддршката да се фокусира кон производи кои може да бидат носители на извозот. Поддршка треба да има и за другите кои се јадрото на земјоделската индустрија, да се стимулира и надградува постигнатиот квалитет. Примарно е да се задржат постојните пазари и да се прошири извозот кон нови. А тоа може да се постигне само со поголема конкурентност.

Во оваа програма распределбата да биде повисока за оние кои ќе имаат повисок квалитет. Да се вложи во хигиена на своите капацитети и одредени стандарди кои постојат во ЕУ, а ние ќе мора да ги применуваме. Фокусирано да се стимулира она што ни треба, дали квалитет, количини, а од друга страна и бизнисот треба да биде отворен за меѓусебна соработка надвор од границите на нашата земја.

Аспирациите за влез во Европската унија се предизвик за овој сектор, бидејќи ако ни се случи при влез во ЕУ да бидеме неподготвени ризикуваме цели гранки да доживеат не баш убави моменти. Во таа насока, Стопанската комора на Македонија, на крајот од 2019 година усвои документ „Насоки за унапредување на земјоделско-прехранбената индустрија“. Би ги издвоил:

  1. Засилување на диверзитетот и генетските ресурси во растителниот  и животински дел. Воведување квалитетен материјал за постигнување поголема продуктивност и економичност. Ние далеку заостануваме зад просеците во регионот, а камоли во ЕУ.
    2. Примена на агроеколошки мерки, воведување на нови технологии за предвидување на временските прилики, градење на бази на податоци со цел да се предвидуваат климатските промени и соодветно да се одговори.
    3. Фокус на руралниот развој, пред се` на инфраструктурниот, преку инвестирање во патната и животната инфраструктура со особен фокус на образовната инфраструктура во селата.
    4. Заштитените географски потекла се потенцијал кој е неискористен. Најнапредни се во винарската индустрија.
    5. Традиционални производи кои нудат особен потенцијал.
    6. Органското производство.

 

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close