fbpx
ВестиСоветиТоп вести

Жалфија (lat. Salvia officinalis) како антисептик, со антивирусно дејство

Во старо време, жалфијата била употребувана како растение за најразлични обреди и ритуали. Таа е антисептик, со антибактериско, антивируснажо, антиоксиданско и антифунгално дејство.

Жалфијата е повеќе годишно растение. Има многу врсти на жалфија како што се мускатна жалфија, дива жалфија и др.Жалфијата содржи супстанција Тујон што е присутна исто така и во пелинот, па дозирањето не смее да се претера и не смее да се зема во поголеми количини.
Жалфијата одлично делува на стоматолошки заболувања како што се афти, парадентоза, кариес..

Доволно е само да ја исплакнете устата и да жабуркате неколку секунди, 3 пати дневно со чај од жалфија.

Таа е исто така одлична за респираторни проблеми, помага при јака кашлица, бронхит, астма. Воспаление на грлото исто така може да се лечи со чај подготвен од жалфија.

Кај жените одлично делува за неплодност, особено кај спонтан абортус, хормонално пореметување и за регулирање на менструацијата.

Исто така, делува одлично за валунга кај жените во менопауза.
Истражувањата покажале дека жалфијата успешно се справува со Алцхајмерова болест, со тоа што го подобрува памтењето и ја јакне концентрацијата.

Едно друго истражување покажало дека успешно делува во почетен стадум на рак на дебелото црево.

Кај луѓе што прекумерно мократ навечер, чајот од жалфија одлично го решава проблемот.

Се вели дека нема болест која не може да се излечи со жалфијата. Некои билкари тврдат дека кога нема надеж за излекување на некоја болест, да започнат да земаат жалфија бидејќи и нејзиното име Salvia што доаѓа од латинскиот збор Salvus што значи спас, исцелување, помош, го потврдува нејзиното лековито дејство.

Според мене јас потполно се согласувам со тоа, на мојата топ листа на билки ја ставам Жалфијата на прво место.

Рецепти:

Чај: 2 супени лажици билка се прелева со 500 мл зовриена вода, стои 20 минути па се пие по 2 шолји на ден, наутро и навечер.

Тинктура: 20 грама билка се прелева со 100 мл домашна ракија. Стои 21 ден се процедува и се пие по 15 капки, 2 – 3 пати дневно.
Не се препорачува за мали деца, доилки и бремени.

Сè што ве интересира во врска со подробностите околу приготвувањето на лекот, можете да го прашате билкарот Мартин Најдовски на неговата фан страница Лилма.

извор:НМД.мк

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close