Дополнителен рок од 15 дена за поднесување на барања за „Мерка 1 Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој заради новонастанатата состојба со вирусот „ковид 19 “ ги информира сите фармери и претпријатија од агро – секторот дека за 15 дена го продолжува рокот за поднесување на апликации за користење на средства од ИПАРД 2 Мерка 1 „Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“. Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, преку сооопштение појаснува дека :
-Целта на продолжувањето е да им се излезе во пресрет на сите земјоделци и стопанствениците се со цел да достават комплетни и квалитетни апликации. Очекуваме дека со овој дополнителен период ќе им овозможиме на заинтересираните да ги приберат сите потребни документи за да подготват инвестициски проекти кои во сите делови ќе ги задоволат условите кои се пропишани во ИПАРД Прогрмата, со што ќе се овозможи поголема искористеност на средствата.“ – појаснува Бабовски. Новиот рок за доставување на барања за ИПАРД 2 Мерка 1 „Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства“ е до крај на април поточно до 29 –ти април 2020 година. Преку Мерката 1 се овозможува унапредување на домашните земјоделски стопанства како и унапредување на домашните претпријатија од агро сектрот. Сите кои сакаат да аплицираат потребно е пополнетото барање за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 и целокупната потребна документација да ги достават во затворен плик со назнака на предната страна на пликот во горниот лев агол “НЕ ОТВАРАЈ“ за Јавен оглас ИПАРД број 01/2020 и назначување на мерката за која се поднесува барањето. Барањето може да се достави по пошта како препорачана пратка или лично во писарницата на Агенцијата до 29- ти април 2020. По завршување на инвестицијата, барателот е должен да достави до Агенцијата барање за исплата во рок утврден во Договорот за користење на средства Подетални информации на контакт тел. (02) 3097-460 или на контакт е-маил адреса: ipardpa.info@ipardpa.gov.mk и на веб-страната: www.ipardpa.gov.mk. Бабовски, појаснува дека со оглед на состојбата со „ковид 19“ Агенцијата и и целата ИПАРД структура, ги разгледуваат сите опции и работат на изнаоѓање на соодветни решенија кои се во интерес на земјоделците и корисниците околу апликаиите, роковите, и реализациите на проетите од ИПАРД програмата како и апликациите и повиците за Националните програми. За сите новини и за сите донесени одлуки и решенија, соодветно преку соопштенија како и досега јавноста ќе биде информирана. |