Според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостоите на Дојранското и Охридското Езеро се повисоки од просекот за март и тоа за 2,88 метри кај Дојранското и за два сантиметра кај Охридското, додека нивото на Преспанското Езеро е за 83 сантиметри пониско од просечното.
Пониски од просечните се и водостоите на сите реки во земјава со исклучок на Вардар на мерното место кај Скопје. Кај нив воглавно се бележи и намалување на нивото во однос на вчера иако има и реки кај кои има благо зголемување на водостојот во споредба со вчерашниот.
извор: Сител