fbpx
ВестиСоветиТоп вести

Запознајте се со МИРТА, украсно и лековито растение

Латинското име потекнува од зборот Myrtus communis, припаѓа на семејството миртовки, односно семејството Myrtaceae. Тоа е зимзелена грмушка или пониско дрво што може да порасне до 5 метри височина. Нејзиното име е со грчко потекло, myrein, што буквално би значело бујно да расти. Плодовите на миртата, се јадат во свежа состојба, а кога ќе ги вкусите ќе осетите сладок и смолест вкус. Може да се зачува во сол или сепак, може да се исуши за да служи како зачин. Исто така, ако сакате есенцијално масло од мирта, дестилирајте. Еден од најважните начини да се користи миртата е да се користи за лекови.

Имено, цветовите од мирта се со многу силен и опоен мирис, а тоа му дава можност да се користи во форма на чај, или масло, како природен лек кој ни овозможува да се ослободиме од надуеност, настинки, кашлици и многу други инфекции. Самиот факт дека миртата во античка Грција, порано се користела за да се накитат победниците, како и невестата на свадбата, раскажува колку ова растение одамна се ценело и почитувало.

Со цел правилно да се одгледува мирта, треба да се знае дека може да се одгледува, надвор од природното живеалиште, но под услов да биде заштитена од мраз и ветер. Лисјата имаат силен мирис и се исклучително големи, а доколку сакате да послужат за украсување, берете ги само нив или заедно со миризливите цветови, од мај до август. Плодовите се мали и полни со семе. Што се однесува до прихраната, миртата треба да се ѓубри од март до август. За ѓубрење е потребно комплексно ѓубриво, кое содржи минерали, и се користи секоја втора сезона.

 

Валентина Соколовска

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close