Сопственици на имотните листови во Пелагонија, се најстарите членови од домаќинствата
Пелагонија е најголемата житница во Македонија. Од вкупната земјоделска обработлива површина во Македонија најголемиот дел е сконцентриран во Пелагонија. Само минатата година овде се произведоа 53 421 тон пченица.
За жал и покрај големите напори уште е мал е бројот на млади земјоделци во Пелагонија. Податоците на статистика бележат дека населението овде старее така што земјата во пелагониско останува на старците.
Секако примената на современа земјоделска механизација и добра земјоделска практика се основите на кои може да се потпрат производителите. Но дека земјата е на старци не е нешто ново.
Имотните листови на земјоделските површини уште се водат на име на најстарите членови во домаќинствата и често правилата што ги диктира традицијата им прават проблеми на младите земјоделци. Несредените имотно правни односи се најголемиот проблем не само кај земјоделците туку и на државата, затоа што не може до крај да се применат оние мерки што би довеле до поголемо производство.