fbpx
ВестиМакедонијаСоветиТоп вести

Бројлерско производство

Што е бројлер?

Хибридно пиле добиено со вкрстување на повеќе раси или линии со изразено нагласени особини за брз пораст, односно гоење. Производи што се добиваат од бројлерското производство:

  • Пилешко месо
  • Ѓубре
  • Пердуви

Потребни предуслови за бројлерско производство:

  • Објект за одгледување на бројлери.
  • Опрема за хранење, напојување, греење, оветлување и вентилација.
  • Приклучок за вода и електрична енергија.
  • Еднодневни пилиња
  • Храна за пилињата
  • Работна рака
  • ЕДУКАЦИЈА Системи за одгледување на бројлери:
  • Поден систем на одгледување – овој систем е најраспространет и најпогоден за одгледување на бројлери, пред се заради тоа што тој е поевтин.
  • Кафезен систем на одгледување – помалку е распространет, иако е поинтензивен, но заради поголемите вложувања многу поретко се користи. За гоење треба да се користат само комерцијални хибридни пилиња.

Параметри за одгледување на бројлери:

  • Густина на населување 15 – 20 бр/м²
  • Траење на периодот на гоење 38 – 42 дена
  • Потребна храна по пиле околу 4 кг

Параметрите зависат од тоа која раса се одгледува, тежината на бројлерот која сакаме да ја добиеме на крајот од одгледувањето, храната и условите на одгледување.

Услови за одгледување на бројлери:

Температура: За одржување на температурата се користат греачи или вештачки квачки. Потребната температура за време на гоењето изнесува:

  • Прва недела ………………………….. 32 – 35 ºС
  • Врора недела …………………………. 27 – 30 ºС
  • Трета недела ………………………….. 24 -27 ºС
  • Четврта недела,

до крај …………… 18 -23 ºС

Вентилација: За обезбедување на соодветна вентилација и релативна влажност во објектот за одгледување на бројлери се користат вентилатори и таа треба да ги задоволува следните параметри:

  • Прва недела ……………………………… 1 м³/кг жива маса
  • Втора недела ……………………………. 2 м³/кг жива маса
  • Трета недела ……………………………. 3 м³/кг жива маса
  • Четврда недела ………………………… 4-7 м³/кг жива маса

Осветлување: Осветлувањето треба да ги задоволува следните стандарди и треба да биде постојано во текот на цел ден.

  • Прва недела ……………………………… 2,5 W/м²
  • Втора недела ……………………………. 1 W/м²
  • Трета недела ……………………………. 1 W/м²
  • Четврта недела ………………………… 1 W/м²

Доволно хранидбен простор: Услови потребни за правилна исхрана и напојување во однос на просторот за единица пиле:

  • Прва недела …………………………….. 1см
  • Втора недела ………………………….. 2 см
  • Трета недела …………………………… 3 см
  • Четврта недела …………………….. 4-6 см

Пилињата треба постојано да имаат храна во хранилките и свежа вода за напојување. Во исхраната се користат различни типови на храна за време на гоењето:

  • Стартер
  • Финишер 1
  • Финишер 2

Составот на храната треба да ги задоволува нормативите пропишани за исхрана на бројлери по категории – возраст.

Тип на смеска

Пченка 50,26     53,94     46,61

Рибино брашно 9,00    7,00     2,00

Соина сачма    23,22    20,39    30,88

Сончогледова сачма   10,15    10,64   10,44

Креда   0,71   0,65    1,08

Сол    0,20   0,20     0,20

Дикалциум фосфат   0,96   0,68   1,29

Премикс   0,50   0,50   0,50

Растително масло   5,00   6,00   7,00

Вкупно  100   100   100

Количество на храна по кг/пиле   1,00   2,00    1,00

 

АПРЗ

Дипл.инг.агр. Ѓоко Данаилов

 

Слични написи

Back to top button
Close