fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Оризопроизводителите од кочанско и виничко почнуваат со подготовките за сеидба на оризот

 

Последните врнежи од снег и дожд  го подобрија нивото на вода во вештачкото езеро Калимнаци, кое дава живот на нивите од виничко па се до Овче Поле. Надеж има дека  земјоделците  ќе можат да  сеат оризот, но и ќе има вода за останатите земјоделски култури. До пред еден месец во Калиманци имаше над 30 милиони кубни метри вода, а сега има 52 милиони.

-Во моментов дотокот на вода е од седум до девет кубни метри вода, што е добра количина. Чекаме да видиме колку ќе ја наполни акумулацијата дополнителното   топење на снегот, но и очекуваните нови врнежи од дожд. За да се почне наводнителната сезона потребни се од 75 до 80 милиони вели Дени Митров директор на Водостопанство „Брегалница“-Кочани

Директорот на Водостопанство „Брегалница, Митров за Телма вели дека во текот на наредната недела ќе се направи ревизија на Програмата за наводнување, со што ќе се знае колку хектари на земјоделско земјиште ќе можат да се наводнуваат. Во меѓувреме оризопроизводителите од кочанско и виничко почнуваат со подготовките за сеидба на оризот, а која почнува од април.

Земјоделците и  во услови на пандемија од корона вирус  се на нивите, за нив сега најголема мака е дали ќе има нови количини на дожд, за да се победи пак сушата.

Извор:Телма

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close