fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Трговците на големо не смеат да продаваат јужно овошје на индивидуални потрошувачи на мало

 

На трговците на аргуми свежи или сушени и тоа: портокали, мандарини, клементини, грејпфрут и лимони, со тарифен број 0805, им се забранува да вршат трговија на мало на крајни потрошувачи во објектите кои се наменети за трговија на големо на овие стоки (магацини, складови за трговија на големо, на пазарите за трговија на стоки на големо, како и во други деловни простории кои ги исполнуваат условите пропишани со закон и друг пропис), соопшти Владата. Станува збор  за за дополнување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки.

Одлуката се предлага на предлог на Државниот пазарен инспекторат, бидејќи инспекторите констатирале дека на терен трговците на големо вршат манипулација и прикажуваат промет остварен во најголем дел од трговија на мало, а не од трговија на големо иако истите не располагаат со продажни објекти наменети за трговија на мало.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close