ВестиМакедонијаТоп вести
Тутунарите загрижени, снегот ќе не остави без расад
Риан Имеров од велешкото село Сливник стравува дека снегот и студеното време ќе му наштетат на леите со расад и ќе ги остават тутунарите без реколта.
– Утрово бев на нива, има 30 см снег над леите со расад. Пробав да го тргнам снегот , но врнежите се интензивни. Ставувам дека расадот ќе ни замрзне поради студот и ќе нема што да посадиме годинава. Таман расадот беше никнат сега нова грижа, вели за Зелена берза, тутунопроизводителот пд Велешко , Имеров. Според него доколку студеното време продолжи тутунарите ќе мора да размислуваат со кои нови земјоделски култури да ги насадат нивите ако расадот не им успее.
A.B.