fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Земјоделците бараат мерки за спас на секторот од кризата

Оваа состојба со кризата околу корона вирусот ќе помине, но не чека уште пострашна криза ако не се помогне земјоделството

Земјоделството е секторот кој во вакви кризни состојби е клучен за производство на доволна храна за граѓаните. Но соочени со намалена потрошувачка моќ на купувачите, затворени угостителски објекти и проблематични транспортни врски за извоз бараат преку пакет мерки наменет за секторот земјоделство да се помогне надминувањето на кризата без поголеми последици и затворање на малите и средни компании кои се директно или индиректно во синџирот на производство на храна.  Сетот мерки кои ги предлагаат генерално не се насочени кон директна финансиска поддршка колку што се мерки кои можат со малку пари многу да им помогнат на земјоделците да ја пребродат кризата од која ќе се чувствуваат последиците во подолг временски период. Градинарите бараат да се најде модел како пазарите кои се на отворено во Прилеп, Куманово и кванташкиот во Струмица да се отворат за да може производителите кои имале постојани контакти и свои купци непречено да ги продаваат бербите кои стасуваат и не можат да чекаат.

-Предлагаме под итно да се отворат пазарите во градовите кои се многу значајни и за купците но и за самите продавачи. Вака како што стојат сега работите само правиме повеќе социјални случаи кои се на товар на државата, стоката која ја имаат по тезгите им пропаѓа а земјоделците губат драгоцени места за продажба во време кога хотели, кафеани и ресторани се затворени и намалена е продажбата. Оваа криза како и да е ќе заврши ама кризата која не чека потоа ќе биде уште пострашна ако не се преземат мерки за спас на земјоделците, рече Ристе Самандов ОРАНЖЕРИИ ЕКО САМАНДОВ ДОЈРАН

Во овој период веќе на големо се бере производството на лута пиперка во пластеници во Банско каде со помош на топлите изворски води производот стасува порано. Ако лани ова време откупните цени биле по 10 денари парче сега се сведени на 2,5 денари но и за таа цена нема пласман заради проблемите на транспортерите со преминувањето на границите и слабиот проток на извозот. Земјоделците од Банско велат дека секој ден се повеќе простории како импровизирани магацини со набрани лути пиперки се полна и стојат а тие наместо да ги извадат вложените пари и труд пропаѓаат. Освен извозот голем проблем за секторот е и слободниот увоз на зеленчук од Албанија. Тамошното производство кое е без трошоци за греење и стасува овој период за берба со нашето производство во кое е инвестирано во греење заради неможноста да се извезува во Европа и на Балканот се прелева кај нас и го презема домашниот пазар.

-Климатските услови им одат во прилог да немаат трошоци за греење но имаат многу посилна појава на болести заради влагата во воздухот заради што почесто прскаат со фунгициди а имаат многу малку квалитетна вода за наводнување. Ако не може државата да го сопре увозот на краставици па и домати кои ќе почнат за десетина дена тогаш барем да воведе построги фито санитарни контроли, нешто слично како што ни прават на нас земјите од регионот кога сакаат да си го заштитат својот пазар на зеленчук. Ако сега пропаднеме а со овие цени сите што сега береме краставици и оние што ќе берат домати, сите сме во загуба потоа ќе бидат потребни години да го вратиме нивото на производство кое сега го имаме додаде Самандов.

Земјоделците во време на криза бараат платежната агенција да врши поредовна исплата на субвенциите но уште позначајно да се пуштат картичките за зелена нафта сега кога почнуваат подготовките за пролетната сеидба и орањата по овоштарниците и лозјата.

-Интензивно се започнати работите по овоштарниците и по нивите за пролетната сеидба. Сега многу ќе им значи на земјоделците да добијат зелена нафта. Ова е особено важно и во време кога и цената на нафтените деривати ни одат во прилог. Не е исто да купувате нафта кога е едно евро па и повеќе и сега кога е доста намалена цената на дизелот рече Младен Митев ФРУКАТАНА АРГУЛИЦА

Како производители на вишна, преработувачи и извозници на преработки од вишна од Фруктана сметаат треба да се размислува во иднина и за една дестилерија за производство на алкохол кој е потребен за индустријата. Оваа криза ни покажа дека иако сме лозарска земја со над 20 илјади хектари на лозови плантажи сега заради забраните за извоз домашните преработувачи. Ако остане да важи забрана за извоз на алкохол до јуни можно е да се одрази на откупот на вишни бидејќи половина од она што се произведува е токму за преработувачката индустрија. Покрај ова земјоделците сметаат дека државата може многу да помогне преку распределба на слободните државни ниви кои со години седат необработени за на нив годинава да се произведе сточна храна а за тоа да не се наплаќаат концесии. Едно од барањата на секторот е годинава да се воведе наместо индустриска струја да плаќаат обична.

З.Б.

 

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close