fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Застој во мелничката индустрија поради фиксираните цени, трговците продаваат српско брашно

– Намерно или ненамерно уништување на мелничката индустрија, една од малкуте што работи во моментов, што дава плати и плаќа придонеси и даноци. Вака млинарите ја оценуваат владината Одлука со која се забрани покачување на цената на основните производи, односно се наложи тие да останат до нивото на кое биле заклучно со 11 март годинава. Според мелничарите, цената на пченицата и на превозот од Србија е зголемена, а тие не смеат да го поскапат брашното. Но, Одлуката, велат, дозволува зголемување на цената на увозното брашно. Затоа бараат нејзина итна измена и предупредуваат дека поради ваквата ситуација работењето им е во застој. Пченицата што ја купуваат од Србија е поскапена за 20 евра по тон, а превозот околу 10 евра по тон. -Ова е тотална блокада на сопственото производство и директен удар врз мелничката индустрија со уништување и затворање во ваков момент на криза. Вчера скоро сите млинови беа застанати со работа зашто нашите клиенти не ни бараат брашно. Се плашат од инспекции и продаваат поскапо српско брашно, бидејќи тоа им го дозволува Одлуката. Инспекциите од 16 – 17 март наваму интензивно одат на терен кај нашите клиенти и им се закануваат да не го продаваат нашето брашно зашто цените се покачени со изговор дека во Одлуката и нејзината измена не пишува ако е зголемена и цената на пченицата (како ние брашното од воздух да го правиме) или суровината што правно не смееме да ги покачиме цените. А кај оние што имаат српско брашно не одат да вршат проверки зашто таму според Правилникот може да се продава по повисока цена, вели за МИА претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија, Горан Малишиќ.Целиот текст прочитајте го на следниот ЛИНК.

Извор:Опсервер.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close