fbpx
Вести

Денеска, 30 јуни, е краен рок за аплицирање за субвенции

За разлика од минатите години кога последните денови од рокот за поднесување на барања за субвенции се создаваа големи гужви пред подрачната единица на МЗШВ во Кавадарци, годинава тоа не е случај. На последниот ден од крајниот рок веќе најголем дел од земјоделските производители си ја завршиле работата со апликациите.

deneska 30 juni e kraen rok za apliciranje za subvencii

 

Раководителот на подрачната единица, Зоран Шалев, информира дека досега се примени над 6000 барања и искажа задоволство од тоа што годинава воопшто не се создадени гужви при аплицирањето.

–          Kрајниот рок е 30 јуни. Поминавме многу порелаксирано и навреме земјоделците аплицираа. До овој моемнт имаме примено 6300 апликации, очекуваме уште околу 200 апликации, рече раководителот на п.е на МЗШВ во Кавадарци, Зоран Шалев.

До крајот на август земјоделските производители можат да аплицираат и за субвенции за да ги осигураат своите посеви од елементарни непогоди. Нестабилното време и честите врнежи од град, но и другите штети кои се резултат на времето ги натераа земјоделците помасовно да ги осигуруваат посевите.

–          Минатата година имавме околу 700 барања за субвенции по овој основ. Годинава очекуваме дека максимум ќе добиеме околу 800 барања, рече Шалев.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close