fbpx
ВестиТоп вести

Европската индустрија за маслиново масло е под зголемена закана од смртоносната лепра

Италијанските, шпанските и грчките земјоделци ќе загубат милијарди доколку не се преземат драстични активности за борба против бактеријата која уништила милиони дрвја, позната како лепра на маслиновото дрво, пренесува „Гардијан“.

Еден од најважните прозводи на Јужна Европа, маслиновото масло, е под закана од потенцијално смртоносно заболување, со кое, според новите истражувања, би можеле да бидат заразени скоро сите области каде што маслиновото масло се произведува – Италија, Грција и Шпанија.

Економските загуби би можеле да бидат дури пет милијарди евра во текот на следните 50 години за Италија (веќе се изумрени најмалку еден милион дрвја), доколку не се стори ништо за да се запре ширењето на болеста и доколку маслиновите градини не се засадат со нови дрвја, се наведува во студијата. Во Шпанија загубите би можеле да достигнат 17 милијарди евра за истиот период, а Грција би можела да претрпи загуби од близу две милијарди евра.

Потребна е итна и сеопфатна акција за да се запре ширењето, вклучително и сечата на навидум здрави маслинови дрвја. Меѓутоа, ако се преземат превентивни мерки и ако овоштарниците можат да бидат засадени со отпорни видови на маслинки, економското влијание може да се намали на околу 10 милиони евра годишно во Италија, со пропорционално слични придобивки во Шпанија и Грција. Трите земји претставуваат 95 отсто од европското производство.

 

novamakedonija

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close