fbpx
ВестиЕкологијаТоп вести

Екологија Пандемијата на КОВИД-19-одмазда на природата

Позитивната страна на вирусот кој ни покажа дека промените во нашето однесување и дејствување врз животната средина за прв пат се видливи од вселената заради големото подобрување на биосферата и атмосферата.

Избувнувањето на коронавирусот е само една од „реакциите“ на природата врз човекот кој ја игнорира еколошката криза, или поточно кажано одмазда на природата. И сега кога светот застана, економијата замре, а ние седиме дома без право на излез, природата ни навестува дека човештвото од овој хорор ќе продолжи да живее во поздрав, почист свет. Бидејќи автопатите се расчистија, фабриките се затворија, авионите се приземјени, кафеавите појаси на загадувањето се намалени или веќе ги нема. Прво Кина, потоа Италија, сега Велика Британија и Германија и уште десетици други земји бележат пад на јаглерод диоксидот и азот диоксидот и до 40% што подразбира големо подобрување на квалитетот на воздухот и намалување на сите здравствени ризици предизвикани од загадувањето. И додека ние како од кафез го набљудуваме светот, дивите животни и птиците слободно шетаат низ градовите, рибите се вратија во загадените канали, а озонската обвивка полека се обновува. Погледот од кафезот ни покажува едно-

Ние луѓето сме неодговорен и непостојан вид!

Не знаеме што сакаме, не знаеме што правиме. Единствено го гледаме економскиот и материјалниот ефект без размислување за нанесената штета или дизбалансот кој го предизвикуваме. Денес, ние сме единствените недоследни суштества во природата. Ние се размножуваме недоследно, размислувајќи на кариери, слободен живот, материјална благосостојба. Ние ги полниме нашите фрижидери неоправдано многу, а потоа ќе намирисаме и ќе исфрлиме половина од содржината во нив. Во 21 век, ние продолжуваме да гориме фосилни горива и гордо зборуваме за тоа. Ние сме себичен деструктивен вид кој живее себично, без да размислиме за крајот. Во природата, недостатокот на емпатија не уништува други видови, а ние? Уништуваме се што ќе ни застане на патот.

Кога врапчето гради гнездо во шумата тоа присвојува само една гранка. Кога еленот пие вода на реката тој пие само толку колку што му е доволно да ја гаси својата жед. А човекот? Човекот гради, натрупува и собира се’ што може за себе.

А, зошто? Заради празнината во своето срце.

Но, природата ни покажа колку сме мали и немоќни кога сега сме принудени да го застанеме светот и тоа заради невидлив со око непријател, опасност со димензија од 100-тина нанометри.

Да извлечеме од сето ова поука: Да научиме да ја го разбираме и да размислуваме за природниот свет и да се прилагодиме заедно со сите други видови, да изградиме поубав, поздрав свет – наш и нивен единствен дом!

Христина Фуна

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close