fbpx
ВестиМакедонијаМеханизацијаТоп вести

Новата сезона семејството Синаноски ја почнува со нов трактор

Нов трактор и современа механизација е желба на секој земјоделец. Да се произведе повеќе и поквалитетно исто така е најголемиот нивен предизвик. Муамер Синаноски земјоделец од с. Борино  крушевско новата сезона ја почнува со нов трактор од брендот John Deere.

 

John Deere  5045 Д е новиот трактор на семејството на Муарем Синаноски од с. Борино. Бидејќи со тракторот што го имал до сега не можел да ги извршува потребните задачи одлучил да купи нов. Првичната идеја му била поинаква но кога дошол во продавницата на Синпекс заедно со тимот за продажба успеал да направи избор што најмногу ќе му одговара за неговата дејност. Не го криеше своето задоволство  пред Зелена берза што дома си заминува со светски бренд John Deere .

 

-Неколку пати ми се расипуваше тракторот што го имав и механичарот ми рече „оди купи си еден John Deere  да му го видиш аирот“. Го послушав  и одлучив да купам. Многу е убав и квалитетен, а во Синпекс ми помогнаа да направам избор што најмногу ќе ми одговара за она што го работам, трактор од моделот 5 Д со 45 КС, вели Муарем.

Тој и неговото семејство живеат само од земјоделие. Одгледуваат тутун на 23 декари површина. Ланската сезона добро ја оценува и е задоволен од постигнатото. Од произведените 1,3 тони тутун  постигнал просечна цена од 220 ден. Склучил договор за оваа година и планира да посади повеќе тутун од лани. Се надева на позитивни резултати. Бил и во странство ама вели дека овде е најубаво.

-Јас сум бил и во странство. Сум пробал и таму ама како што е овде никаде не е. Конкретно за тутунот 6 месеци работиш 6 одмораш, поубаво здрваје. За да може земјоделецот да заработи подобро, не само со тутун туку и со одгледување на други култури  треба откупните цени да се повисоки, посочува Синаноски.

П.Јовановска

 

Слични написи

Back to top button
Close