fbpx
ВестиМакедонијаСоветиТоп вести

Проект наменет за производителите на цвеќе: “Засади цвеќе со Тераграмин!”

               

Тераграмин освен во земјоделството каде што дава позитивни резултати, исто така има значајна примена во производството на цвеќе и садници, како и хортикултурното уредување. За професионалните производители на цвеќе на располагање се пакувањата од 10 и 25 кг, кои се комбинираат со субстратот за добивање идеална смеска за одгледување цвеќе (од семка или со ожилување).

Ефектите кои ги дава производот со регулирањето на водно-воздушниот и топлотниот режим на почвата придонесуваат за успешно производство. Ги поттикнуваме производителите на цвеќе да го користат производот како замена за перлитот и вермикулитот.

И ги повикуваме да не контактираат преку Зелена Берза за проектот кој во иднина ќе се реализира “Засади цвеќе со Тераграмин”, а кој ќе се однесува на расадниците за цвеќе низ државата, кои ќе можат во директен контакт со нашите Агрономи на терен експериментално да произведуваат видови цвеќе по нивна желба и согласно сезоната, со употреба на Тераграмин.

Проектот е замислен како една отворена работилница, на стручни лица од областа на одгледувањето на цвеќе, садници и хортикултурно уредување (изведба на тревници, зелен кров) и ќе се реализира во втората половина на годината.

Ентузијазмот кој ние го имаме за производот, сакаме да го пренесеме на оние на кои што тој би им користел најмногу во нивната секојдневна работа. А за сите оние ентузијасти, кои уживаат да одгледуваат цвеќе како хоби им го нудиме нашето пакување од 3 кг кое идеално се спојува со 10 л хумус и кое се продава во земјоделските аптеки во државата.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close