fbpx
Вести

Македонското сирење има многу добар имиџ во Србија

Македонското сирење во Србија има многу добар имиџ, се бара како квалитетен производ, но нема доволна поддршка, дистрибуција и присуство за да најде пат до што поголем број потрошувачи. Ова го покажува истражувањето на агенцијата „Нилсен” од Белград, кое беше презентирано вчера, на седмата интерактивна работна конференција „Млеко и млечни производи”. Како што рече Иван Миловановиќ од „Нилсен”, истражувањето се спроведува во големите и хипермаркетите, помалите и локалните продавници. Според истражувањето, пак, на „Брима галуп”, во Македонија, од млечни производи, најмногу се купуваат бело сирење и јогурт, а млеко во помал процент. Co анализата на „Брима галуп, рече Калина Медаровска, се опфатени испитаници постари од 15 години.

makedonskoto sirenje ima mnogu dobar imidz vo srbija

 

Конференцијата што ја организира „Ток ин бизнис”, на едно место еднаш месечно, ги собира производителите и дистрибутерите од одредени индустрии. Целта е да бидат отворени сите прашања што се предизвик за нив или претставуваат каков било проблем.

Co помош на истражувачки агенции, двете страни добиваат слика за пазарот, побарувачката и навиките, како и профилот на потрошувачите нагласи Елена Стојановска од „ИнСтор Македонија”.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close