fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

16 милиони евра пад во извозот на земјоделски производи

За 16 милиони евра намален извозот на земјоделски производи. Коронавирусот го успори пласманот на странските пазари. Но намалување има и кај увозот. Таму е регистриран пад од 15 милиони евра, велат од министерството за земјоделство. Кај одредени производи цената е зголемена, а кај некој има намалување.
Димковски уверува дека се подготвуваат за претстојната винска сезона со оглед на тоа што виното, по тутунот е втор најизвезуван земјоделски производ.
Не очекува  дополнително  пореметување на пазарот, затоа што состојбата со вирусот полека се стабилизира, а се најавува и отворање на границите. Сепак апелираат до граѓаните повеќе да се насочат кон купување на домашни производи.
Извор: Сител

Слични написи

Back to top button
Close