За субвенции за растително и сточарско производство аплицирале 6.515 лица
Вкупно 6.515 апликанти од Кавадарци и Росоман поднеле документи за субвенции во растителното и сточарското производство, информира Зоран Шалев, раководител на подрачната единица во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Според Шалев пријавувањето поминало во најдобар ред и без никакви проблеми.
– Со голема радост и задоволство на земјоделците па и на нас, многу успешно ја завршивме постапката за аплицирање. Скоро да немаше никакви гужви. Сите земјоделци и сточари навреме поднесија апликации. Така да за разлика од претходните години немаше големи гужви, тензии и такви работи. Оваа година ходникот беше доста празен затоа што навремено луѓето си дојдоа и си аплицираа, рече тој.
Годинава во процесот на аплицирање била вклучена и работната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството од Кавадарци.