fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Киро Гоцевски – сопственик на првата фарма за магариња во Пијанец

Идејата за отворање сопствен бизнис по враќање од странство станува сè почеста практика за иселениците од Пијанечко. Еден од последните примери за тоа е Киро Гоцевски од делчевското село Нов Истевник.

По 20 години работа во Швајцарија, тој решил да се врати во родниот крај и да ја реализира својата идеја што ја имал повеќе од 15 години. Отворил фарма за магариња, идеја што на прв поглед можеби за многумина звучи чудно, но само за оние што не ја знаат вредноста на магарешкото млеко, кое поради неговите лековити својства е меѓу најбараните и најскапи производи во западните земји. Разговорот со Гоцевски го започнавме токму за неговата идеја за основање на неговата фарма во Нов Истевник.

– Јас сум Киро Гоцевски од село Нов Истевник и сум сопственик на фарма за магариња. Идејата ја имав уште пред 15-16 години. Додека работев во Швајцарија, создавав терен за овој бизнис, за кој имам околу 250 декари земја. Во Швајцарија претходно работев 20 години, но еден ден ми „пукна филмот“ и решив да развивам бизнис во Македонија, раскажува Гоцевски.

Моментално тој одгледува 43 магариња, од кои 41 женско и две машки. За нив се грижи лице од селото кое го вработил и негова обврска е одгледувањето, вклучително и молзењето, додека Киро е задолжен за набавката на храна за магарињата.

– Магарето е тешко за чување, не е како кравите, да ги пуштиш на едно место и таму да пасат. Магарето сега ќе го видиш овде, потоа онаму. Што се однесува до храна, набавувам од сите страни, земам буквално од секој што сака да продаде. Досега за храна имам потрошено околу 2000 швајцарски франци, но во иднина планирам сам да ја произведувам. Имам заградено земјиште од четири хектари за таа намена, подготвувам и друго земјиште од четири хектари, за бргу време ќе биде подготвено и тоа земјиште, со што планирам магарињата таму да ги пуштам на испаша, објаснува Гоцевски.

Продажбата на млеко во време на корона засега му оди тешко. Засега има три молзници, а според очекувањата, следната година нивниот број би се зголемил.

– Сега со коронавирусот сме на нула, продажбата е ослабната, според мое мислење најмногу поради коронавирусот. Пред појавата на корона имавме поголема побарувачка. Еве, денес имав едни луѓе од Велес, зедоа еден литар, исто така едни луѓе од Бигла рекоа ќе купат половина литар, наменето за луѓе во Облешево, но сепак тоа е далеку од очекувањата. Моментално имам три молзници, ама в година во ова време очекувам 15 литри млеко на ден. Од тие што ги имаме три молзници до јули чекаме да ни се опулат (младо од магаре се вика пуле), уште 4-5 магарици, што значи дека со сегашниве три ќе имам вкупно седум молзни магарици до крајот на јули, а тоа е негде три литри млеко на ден, додава делчевскиот иселеник од Нов Истевник. Целиот текст може да го прочитате тука.

Извор:Опсервер

Слични написи

Back to top button
Close