Вести
Во Неготино поднесени 3.640 апликации за субвенции
Во Подрачната единица на МЗШВ во Неготино, се поднесени 3.640 апликации за субвенции за растително и сточарско производство од страна на земјоделци и сточари од Неготинско и Демиркаписко.
– Годинава аплицирањето беше по електронски пат, но и со доставување документи во просториите на нашата подрачна единица. Сепак доминираа земјоделците и сточарите кои своите барања за субвенции, ги доставија лично до надлежните лица, информираше Златко Пенков, раководител на подрачната единица на Министерството.